Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-Не знам кога ќе биде потпишан договорот, но тоа ќе се случи наскоро. Барса е клубот на мојот живот. Се надевам дека повторно ќе потпишам и ќе останам што е можно подолго. Сакам да играм во Ла Лига и во Барса. Да, ќе го обновам мојот договор, сподели Јамал во интервју за „Си-Ен-Ен Спортс“.
Во однос на новиот тренер на тимот, Ханзи Флик, како и за борбата за титулата во Ла Лига истакна дека Германецот е различен тренер со различен стил на игра и тимот се обидува да се прилагоди на неговите упатства.
-Во 2025 година ќе направиме се што можеме за да освоиме трофеи, почнувајќи од Суперкупот. Ќе дадеме се од себе оваа година да биде најдобра во нашите животи. Мора да ја освоиме Ла Лига против тимовите од кои сме загубиле претходно. Мислам дека се работи за концентрација. Во важните моменти покажавме дека сме најдобри и ќе продолжиме да го правиме тоа. Не се сомневам дека ќе ја освоиме Ла Лига, сигурен е суперталентот.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис