Свет
5. July 2016 - 9:48

НАСА: Успешна проба на ракета што ќе носи луѓе на Марс

Новата ракета која според план еден ден ќе превезува луѓе на Марс, успешно беше лансирана од Јута, соопшти НАСА.

Тоа е втор и последен квалификациски тест за најголемата ракета во светот, и уште едно тестирање без екипаж на вселенскиот брод на НАСА „Орион“ е закажано за крајот на 2018 година.

Тестот што го изврши контракторската компанија Орбитал АТК, траеше само две минути, но доволно НАСА да добие податоци за 82 аспекта на моторот со надеж дека подоцна ќе ја одобри ракетата за летови. Таа е долга 47 метри. Според НАСА, летови на луѓе на Марс можни се од 2030 година.