Живот
2. јуни 2020 - 12:18

НАСА предупредува за доближување до Земјата на потенцијално опасен астероид

За четири дена, на 6 јуни, астероид класифициран како „потенцијално опасен“ ќе и се доближи на  Земјата, соопшти НАСА.

Како што е наведено во соопштението на Агенцијата, астероидот со дијаметар меѓу 250 и 570 метри, ќе мине крај Земјата на растојание од 5,1 милиони километри со брзина од 11,1 километар во секунда, пренесува Тасс.

Во моментов астрономите имаат откриено повеќе од 8.000 астероиди, со дијаметар над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број на големи астероиди во вселената близу Земјата би можел да достигне 25.000, пресметал Space.com.