Народниот театар од Охрид ја презентираше годишната програма за работа
Народниот театар од Охрид за тековната година ќе работи два проекти – „Аналфабет“ од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризески и „Бал“ од Бертолд Брехт во режија на Андреј Цветаноски. Што се однесува до театарскиот дел, куќата ќе изготви најмалку уште два проекти, од кој едниот е претстава за деца.
Тоа денеска со соопшти директорот на Народниот театар, актерот Горан Стојаноски, на прес-конференцијата свикана за презентирање на годишната програма за работа на театарот, но и на матричната куќа НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Притоа, тој како дел од активностите предвидени за 2017 година ја посочи и работата на Детското драмско студио, за кое истакна дека постои огромен интерес кај младите од градот.
Во рамки на годишните активности на Центарот за култура, и оваа година ќе ги реализира манифестациите „Прличеви беседи“, Балканскиот фестивал на народни песни и игри, Фестивалот на староградска песна, поддршка на фолклорните и хорските манифестации во градот, а традиционално е дел од организацијата на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“.
Стојаноски пред медиумите истакна дека во тек е технички дијалог врз основа на проектната програма околу изградбата на нова зграда за потребите на Народниот театар, за која изрази уверување дека ќе претставува почеток на нова традиција на театарскиот живот во градот.
- Мојата искрена желба е изградбата на театарот да почне до крајот на оваа, најдоцна на почетокот на идната година. Зградата на театарот би била на четири ката, со сите потребни и најсовремени механизми за сценско-техничко уредување, односно објект според најсовремените светски стандарди. Новиот објект ќе значи и нова традиција, ново достоинство, придонес кон квалитетот на самиот театарски ансамбл, а секако и за вистинско театарско доживување за самата публика, рече Стојаноски.
Минатата година Народниот театар од Охрид постави седум премиери и изведе 168 претстави. Од основањето пред пет години театарот досега има изведено повеќе од 20 премиери, а претставите ги посетиле десетина илјади гледачи.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки