Народната банка една од институциите со најсилен капацитет, банкарскиот систем стабилен
Народната банка е една од институциите со најсилен капацитет. За банкарскиот систем не може да се даваат паушални и субјективни оценки, бидејќи за таа цел постојат објективни, релевантни и меѓународно прифатени мерила и стандарди,оценуваат универзитетските професори по економија и поранешни надворешни членови на Советот на Народната банка, Александар Стојков и Сашо Арсов.
– Народната банка е една од институциите со најсилен капацитет, што се должи на високиот степен на политичка, финансиска и оперативна независност. Нејзиното раководство и нејзините вработени многу пати досега ја докажаа својата компетентност, во познати и недоволно познати битки за зачувување на ценовната и финансиската стабилност, истакнува Стојков во изјава за МИА, притоа посочувајќи и дека Народната банка обезбедува континуирана поддршка на развојот на финансискиот систем, што меѓу другото, се гледа и преку довербата на граѓаните во банките и порастот на депозитите низ годините.
Арсов е со оценка дека Народната банка е институција со исклучителен авторитет, компетентност и репутација.
– Таквиот углед е граден со години, низ еден континуиран процес на кадровско екипирање, стручно оспособување, соработка со угледни централни банки од други земји и меѓународни финансиски институции и високопрофесионално, објективно и неполитизирано менаџирање на системот на монетарни финансии, банкарскиот систем и девизните резерви на земјата, вели Арсов во изјава за МИА.
Истакнува дека друго корисно мерило е нивото на ликвидноста на банкарскиот систем, со кое се мери способноста на банките веднаш да одговорат на достасаните обврски, т.е. да извршат исплата доколку тоа од нив го побараат депонентите или други субјекти. Овие стапки, на трите показатели, додава, се на нивото од 30 отсто до 56 отсто, а заедно со стрес-тестовите кои редовно се прават, даваат сигурност дека банката не би имала проблем да одговори на тековните барања дури и во услови на одредено влошување на економската ситуација.
– Конечно, стапката на нефункционални кредити кон нефинансиските субјекти во последно време е намалена на историски најниско ниво од околу пет отсто, што ако се спореди со двоцифрените бројки од пред десетина или повеќе години, е исклучително задоволително и говори за големите напори кои се вложени за подобрување на финансиската дисциплина и за подигнување на нивото на одговорност и внимателност на целиот банкарски систем, посочи Арсов.
Стојков е со оценка дека Народната банка многу професионално и совесно ги следи перформансите на одделните банки и на целиот систем, ја оценува адекватноста на нивниот капитал, прави проценка како управуваат со различните ризици, дали внимателно ги пласираат парите на штедачите.
Истакнува дека по светската економска криза од 2008 година, стана јасно дека покрај ниската инфлација и финансиската стабилност мора да биде извонредно важна цел за современите централни банки. Според него, ваквото проширување на мандатот бараше поригорозна супервизија на банкарските активности, детални проверки на усогласеноста со банкарската регулатива, независна проценка на стабилноста и отпорноста на банките.
Според него, брзата, ненадејна и длабока рецесија во вториот и третиот квартал од 2020 година, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, неминовно го зголеми притисокот врз банките насекаде низ светот, при што многу фирми и граѓани се соочија со сериозни проблеми при отплатата на кредитите.
– Да потсетиме дека токму Народната банка иницираше олеснување на кредитните услови, можност за одложување на исплатата на ратите и други поволности. Во вакви услови, банките мораат да располагаат со задоволително ниво на капитал за да ја одржат својата ликвидност, солвентност и стабилност и да ја зачуваат довербата на своите депоненти, вели Стојков.
Податоците од централната банка покажуваат дека стапката на адекватност ка капиталот на банкарскиот систем изнесува 17,2 отсто, при што стапките на банките поединечно се движат во распон од 14 отсто до 22 отсто, што, според нив е гаранција за стабилноста и на банките поединечно и на банкарскиот систем во целина.
За случајот со „Еуростандард“ е дециден дека Народната банка го направи тоа што мораше да го направи.
Според него случајот „Еуростандар“, покажа дека непочитувањето на меѓународните и домашните законски стандарди за адекватноста или доволноста на капиталот може да биде погубно, кога е во токсична комбинација со проблематичните пласмани.
Истакнува дека системот на осигурување на депозитите треба да ги опфаќа и расположливите парични средства на трговските друштва, а банките ќе треба во иднина да одвојуваат поголем процент на средства во Фондот за осигурување на депозити.
– Народната банка, како што рече, сосема компетентно го менаџира процесот и влева доверба во банкарскиот систем и во стабилноста на македонскиот денар.едонската банкарска асоцијација соопштија и дека сите банки се подготвени да одговорат на потребите на населението и компаниите.
Оценики дека банкарскиот систем е стабилен и сигурен имаат и Народната банка и Комитетот за финансиска стабилност, а банкарите, преку Македонската банкарска асоцијација соопштија и дека сите банки се подготвени да одговорат на потребите на населението и компаниите.
Ново на Сител
-
Отстранети 70 хаварисани возила во општина Центар
-
Кина воведува санкции за американски воени компании за продажба на оружје на Тајван
-
Песков: Москва е подготвена да го поздрави секое посредување за мир во Украина
-
Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји биле погодени од кинески хакерски напади
-
Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија
-
Реал повтори клупски анти-рекорд во последните пет сезони
-
Вицепремиерите Николоски и Фетаи учествуваат на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан“ во Брисел
-
ДКСК го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата