Фудбал
10. December 2024 - 18:27

Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија попладнево со жрепка ги одреди двојките за четвртфиналето во националниот Куп.

Осум екипи ќе се борат за трофејот кој минатата сезона го освои Тиквеш од Кавадарци.

Четвртфиналните двојки се: Струга – Гостивар, Детонит – Шкендија, Брера Академија Пандев – Аресими и Вардар – Силекс.

Натпреварите ќе се играат на 26. февруари идната година со почеток во 14:00 часот.