Бизнис
13. November 2015 - 22:01

Народната банка бара да се заострат условите за доделување на потрошувачки кредити

Потрошувачките кредити бележат најголем пораст во однос на останатите подолг период и кај ова портфолио е најизразен трендот на влошување и нефункционалност. При тоа, тоа се најмалку обезбедените кредити, заради што народна банка упати порака до банките да го намалат овој вид кредитирање, коментираат во банкарските кругови.

Вчера гувернерот порача дека потрошувачки кредити треба да добиваат оние кои може да ги враќаат, а банките треба повеќе да се фокусираат на станбените и корпоративните кредити.

Гувернерот рече дека не се планираат мерки за поскапување на овие кредити туку, ако се јави потреба за заострување на критериумите за нивно издавање и дека тие претставуваат ризик за во иднина.

Банкарскиот сектор посочи дека останува стабилен и високо капитализиран. Кредитниот раст, се проценува на 7,7 проценти и се очекува да се задржи ваквото ниво и во наредните две години.