-->
-->
Наркоман во Англија грабнал бебе, мајката се шокирала кога го видела празното креветче - еве како го најдоа
-->
На интернет кружи снимка која прикажува како полицијата го спасила бебето кое од мајката го грабнал еден наркоман.
Џемс Демпси (35) грабнал бебе од куќа во Сатон Колдфилд, во Велика Британија.
Полицијата покрена неверојатна потера откако шокираната мајка Шантел Форестер сфатила дека креветчето и е празно.
Некој го забележал автомобилот на Демпси и го блокирал со канти за ѓубре. Меѓутоа тој обид не успеал, но полицијата ја открила неговата локација и после го пронашла близу аеродромот во Бирмингем.
Утврдено е дека во телото имал огромно количество на дрога. Демпси е осуден на 27 месеци затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?
-
Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје
-
Трнливиот пат и бурите од Пакистан до Македонија на бегалецот Алириза Куреши
-
Прилепчани со велосипед од Цирих
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите