Наредните денови без струја повеќе делови од Скопје
Поради технички зафати во електро - системот без електрична енергија во наредните неколку дена ќе бидат повеќе делови од Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Утре без струја во периодот од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата. Теодосиј Синаитски и дел од населбата Горни Жданец во општина Карпош.
Во недела во период од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со струја ќе има за корисниците од дел од улицата Лука Геров, поточно во околината на фирмата АДИНГ во општина Ѓорче Петров.
Во понеделник, пак, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Востаничка бр. 138, бр. 140, бр. 144, бр. 146, бр. 148, бр. 160, бр. 162 и бр. 164 и улицата Рилски Конгрес бр. 97 и бр. 99 во општина Кисела Вода.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од слото Зелениково, од 9:30 до 10:30 часот корисниците од улицата Лука Геров, подулици бр. 2, бр. 4 и бр. 6. во општина Ѓорче Петров, во време од 9:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Нов Живот, Виничка и Дринска во општина Шуто Оризари, а од 11:30 до 15:00 часот корисниците од улицата Востаничка бр. 80, бр. 82 и бр. 84 и улиците Рилски Конгрес бр. 59 и бр. 61 во општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи