-->
-->
Нападнат Стоилов, искршено возилото на Манасков
-->
Група непознати лица рано утрово го нападнале македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов и искршиле две возила, едното во сопственост на ракометниот репрезентативец Дејан Манасков, а другото во сопственост на фудбалерот Никола Трипуновски.
Од МВР официјално велат дека утрово во полицијата биле пријавени два инцидента што се случиле на булеварот „Партизански одреди“, но засега немаат информации дали двата инцидента се поврзани и што точно се случилo.
Најпрвин околу 4.15 часот во полиција било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“, кај пекарницата „Силбо“ на улица „Костурски херои“, неколку непознати лица оштетиле два автомобила.
Едниот автомобил бил марка „мерцедес“, сопственост на дваесет итригодишниот Д.М, неофицијално македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков, и автомобил марка „голф“ во сопственост на триесет итригодишниот фудбалер.
Напаѓачите ги оштетиле возилата со бекатонски плочки, на „мерцедесот“ му била скршена предната хауба, а на голфот било оштетено стаклото од вратата.
Исто така, на булеварот „Партизански одреди“ во 4,15 часот бил пријавен физички напад врз С.С., неофицијално исто така ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов. Засега полицијата нема разговарано со нападнатиот и оттаму не соопштуваат други детали.
Foto: Sportmedia.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам