-->
-->
Нападнат сопственик на скопски кафе бар
-->
Триесет и девет годишниот скопјанец Д.Д. сопственик на кафе бар лоциран на ул.„Скоевска“ синоќа бил најпрво вербално, а потоа и физички нападнат од Д.К. и Б.К..
-Д.Д. телефонски бил известен дека Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот и истиот се упатил кон објектот. Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлаат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, по што истите почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на градите при што паднал на земја, информираат од полицијата.
Од страна на гостите, напаѓачите биле спречени да продолжат со намерата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото