Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година

Новогодишната прослава во Германија помина главно мирно во споредба со претходните години, иако најмалку две лица загинаа, а многумина беа повредени, додека славениците на некои места фрлаа огномети кон полицајци и итни служби, јави ДПА.
Дополнителни полициски сили беа дежурни на многу места поради загриженост од потенцијално насилство во неколку градови, вклучувајќи го и Берлин, по нападите врз итните служби на новогодишната ноќ во изминатите години.
Само во Берлин, каде што беа дежурни 4.300 полицајци, до 1 часот по полноќ имаше повеќе од 400 апсења. Вкупно 21 полицаец беа полесно повредени откако беа гаѓани со петарди или при отпор од страна на осомничените, соопшти полицијата во дополнителниот извештај на Нова година.
Берлин ја пречека 2026 година со огномет од седум и пол минути кај Бранденбуршката порта и безброј приватни прослави со пиротехника. До 25.000 билети беа достапни за главниот настан.
Традиционалната новогодишна забава во главниот град со настапи во живо беше откажана откако градската власт соопшти дека веќе нема да ја финансира, па беше заменета со забава со диџеј кај берлинската знаменитост.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
