Loading Video...
Свет
4. April 2026 - 16:43

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран

Иран нуди награда од 60 000 долари за пронаоѓање на пилотот од американскиот борбен авион  тип Ф15 што се урна над Иран, соборен од страна на иранската војска. 

- Ве молам обрнете внимание. Драги гледачи, ве молам обрнете внимание. Жители на покраините Коггилује и Бојер-Ахмад, драги и храбри луѓе. Ако заробите и предадете жив пилот или пилоти на непријателот на органите за спроведување на законот и воените сили, ќе добиете вредна награда и награда.

-  По лажните тврдења на американскиот претседател за целосно уништување на иранскиот систем за воздушна одбрана, американски непријателски борбен авион беше соборен во централниот ирански воздушен простор од страна на новоразвиен напреден систем за воздушна одбрана“, потполковник Ебрахим Золфагари, портпарол на војската на Иран.

И американската војска се обидува да го лоцира пилотот. Во потрагата  учестуваат хеликоптери и авион.

Ако Иран го пронајде пилотот и го прикаже на телевизија, според воени аналитичари тоа му би му обезбедило на Техеран моќен адут за преговарање. Регионалните посреднички напори за посредување во постигнување прекин на огнот помеѓу САД и Иран, предводени од Пакистан, Турција и Египет, досега не успеаја. Иран одби да се сретне со американски претставници во Исламабад, а се разгледуваат алтернативни локации за разговори, како што се Катар и Турција.  

Трамп се закани со засилени воени напади врз Иран во следните две до три недели  ако Техеран   не се согласи на мировен договор   а министерот за одбрана Пит Хегсет  изјави дека не се исклучува ниту копнена операција.Во Велигденската порака, шефот на Белата кука порача дека злото нема да победи. 

Ирански и американски медиуми објавија дека Техеарн не ја прифатил  понудата  на САД за 48-часовен прекин на огнот. Иранските сили изведуваат  воздушни напади врз северен Израел, додека Тел Авив информриа за удри врз  ирански воени објекти.

Иран ги обвини САД и Израел  дека ја нападнале областа  околу нуклеарната централа Бушер, при што едно лице е убиено. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати пријавија ирански  ракети и беспилотни летала  насочени кон нивниот воздушен простор.

 Иранските власти, во мегувреме објавија  дека ке им дозвлат на бродови што превезуваат хуманитарна помош и основни прехранбени производи да го поинат Ормутскиот тесенц .