Македонија
18. October 2015 - 17:04

Намалување на дозволената брзина надеж за побезбеден сообраќај

Жителите на десетина села во тетовско се мошне задоволни од новиот закон за безбедност во сообраќајот со кој се намали дозволената брзина со која возилата можат да поминат низ населено место. Ова посебно важи за мештаните од местата кои се наоѓаат на регионалните патни правци Тетово-Јажинце и Тетово-Чегране, сообраќајници кои поминуваат низ средината на тие села. Брзото движење често пати беше причина за да загинат пешаци но и други учесници во сообраќајот.

Луѓето се надеваат дека ќе се зголеми совеста и дисциплината пред се кај возачите. Со тоа нема да бидат доведени во опасност животите на останатите учесници во сообраќајот, сметаат тетовци.

По стапување во сила на новиот закон поставени е и новата сообраќајна сигнализација.  Според статистиката од 124 загинати во сообраќајки лани, 35 биле пешаци.