-->
-->
Намалена цената за уредување на градежното земјиште во Кочани
-->
На денешната редовна седница на Советот на општина Кочани советниците донесоа едногласна одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани.
- Се намалува висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општинатата, утврден со програмата за уредување на градежно земјиште на поодрачјето на општина Кочани за 2016 година за 20 проценти за објекти со намена за домување и комерцијални дејности, освен за викенд куќите на Спортско-рекреативниот центар Поиква, изјави Петар Апостолов,секретар на општина Кочани.
Според Апостолов намалувањето на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште од 20 проценти ќе важи од 1. февруари до 31 мај 2016 година и ќе придонесе за зголемување на индивидуалната градба во општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава