Намален водостојот на реките и на Охридското Езеро
Водостојот на Треска кај Македонски Брод е за десет пати понизок од просечниот за јануари, на Пчиња кај Катлановска бања речиси за три пати, а на Крива Река кај Крива Паланка за повеќе од двојно, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Пониски од повеќегодишниот просек за овој месец се и водостоите на сите останати реки во Македонија. Помал за 30 сантиметри од јануарскиот просек е водостојот на Брегалница кај Штип, за 39 сантиметри на Црна река кај Новаци, за 42 сантиметри на Црн Дрим кај Ложани и за 48 сантиметри на Сатеска кај Ботун.
За разлика од реките, кај природните езера водостојот е повисок од просечниот со исклучок на Охридското Езеро, каде нивото е за 11 сантиметри пониско од вообичаеното. Според УХМР, речиси за три метри е повисок водостојот на Дојранското Езеро од месечниот просек за јануари.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа преговори Русија – САД во Ријад
-
Разрешувањето на Коцевски денеска на Влада, Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од раководител на Вишо јавно обвинителство
-
СДСМ ја повика власта да ги поддржи законите за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ: Несериозни се предлозите на СДСМ кои ги покачија сите цени
-
За да се дефинира конечната вредност, потребна е анализа на структурата на цената на еден производ, сметаат економисти
-
Левица и ВМРО-ДПМНЕ се скараа кое собраниско тело да ја организира надзорната расправа за загадувањето
-
Преглед на вестите од светот