Свет
13. February 2018 - 9:50

Најверојатно во Астана ќе се одржи следниот самит за Сирија

Министрите за надворешни работи на Русија, на Иран и на Турција планираат следниот месец да се одржи самит за ситуацијата во Сирија следниот месец, изјави денеска шефот на казахстанската дипломатија Каират Абдракманов.

Тој додаде дека министрите се уште не ги одредиле датумот и локацијата на самитот, но една од опциите за средба е главниот град на Казахстан, Астана.

Во Астана ќе се одржи и состанок на пониско ниво на три земји, исто така за Сирија.