Најстариот човек на светот на 113 години го прослави полнолетството
Со 100 години закаснување, најстариот човек на светот го прослави бар мицвах, еврејскиот обичај кој претставува религозно полнолетство и влегување во зрелото доба.
Израел Кристал, кој ги преживеа двете Светски војни и логорот на смртта Аушвиц, оваа година доби потврда од Гинесовата книга на рекорди дека е најстар човек на светот. Меѓутоа како Евреин кој ја почитува религијата, 113-годишниот старец искрено му се израдува на бар мовахот.
Роден е во Полска во 19903 година, а поради Првата Светска војна го пропуштил бар мицвахот кој се празнува кога момчето ќе наполни 13 години. Неговата ќерка Шуламит Купестох рече дека минатиот викенд Израел ги собрал своите, деца, внуци и дури 30 правнуви за да го одбележи тој настан.
Таа наведе дека нејзиниот татко бил многу задоволен што ја рецитирал традиционалната молитва за благодарност. Неговата прва сопруга и две деца му биле убиени во Холокаустот.
По еврејскиот законот, децата не се обврзани да ги почитуваат заповедите, иако се поттикнуваат што повеќе да научат, а кога ќе наполнат 13 години (девојчињата 12), обврзани се да ги почитуваат божјите заповеди. Бар мицвата означува јавно превземање на тие обврски.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење