Џет-Сет
7. January 2017 - 11:30

Најсреќните познати Македонци за Бадник: Еве на кого му падна паричката!

Секој беше во својот дом со најблиските за Бадниковата вечера и кршењето на лепчето со паричка. Откако завршија со вечерата и поделбата на лепчето, најсреќните веднаш се пофалија на Фејсбук со фотографија на која ја имаат паричката во раце.

Меѓу оние што обичајот и традицијата им нагласија повеќе среќа во Новата 2017 година, се и некои од познатите македонски личности.

Честитки за здравје, среќа, радост, успех… се редеа кај: Стефан од „Некст Тајм“, водителката Елена Стефановска, водителот Ване Маркоски и пејачката Викторија Лоба…

„Паричката и оваа година кај мене! Фала ти Господе. За многу години Бадник кај сите“, напиша Елена Стефановска на својот Фејсбук.

Нека им е аирлија!