-->
-->
Најскапиот фудбалер во светот пристигна во Кина!!!
-->
Фудбалерот на ПСЖ, Езекиел Лавеци е преставен како играч на кинескиот Хебеи, објави клубот на својата интернет страница.
Хебеи за трансферот на Аргентинецот издвои шест милиони евра, а според непотврдени информации тој би можел да стане најплатениот фудбалер во светот.
Наводно, Лавеци би требало да има неделна плата од 400.000 фунти, што годишно изнесува нешто повеќе од 19 милиони фунти (24,6 милиони евра) со што е најскапиот светски фудбалер.
Сепак, многу е пореално неговата годишна плата да изнесува околу 13 милиони евра, како што првично беше објавено, кога Кинезите го договараа неговиот трансфер.
Богатиот клуб Хебеи, во актуелниот преоден рок веќе ги реализираше трансферите на Жервињо од Рома, Гаел Какута од Севилја и Стефан М’бија од Трабзон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски