Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Скопје
Најмногу снег има во Лазарополе, 49 сантиметри, 31 сантиметар во Пожаране, 25 во Тополчани и во Битола, 24 во Ѓуриште, 23 во Тетово, 18 во Крушево,...
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниска температура изутрина во осум часот е измерена во Скопје, минус 12 степени, по што следат Струмица со минус девет, минус осум во Скопје Петровец, минус пет Тетово, минус три Пожаране, минус два Ѓуриште, Куманово, Лазарополе и Прилеп, минус еден Берово и Крива Паланка, нула степени во Битола и Крушево,....
УХМР соопшти дека претпладне претежно во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а на пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од нула до 10 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен претежно североисточен ветер. Преку денот ќе има услови за појава на слаб дожд, а на повисоките делови понекаде и слаб снег. Температурата до четири степени.
Денеска претпладне во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. Утре ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќеапочне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија