Најмногу дожд во Куманово, попладне грмежи и засилен ветер
Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Куманово – 17 литри на метар квадратен, 14 во Битола, 10 во Крива Паланка, 6 во Крушево, Пожаране – 5, Скопје-Зајчев Рид 3, 2 во Ѓуриште и 1 во Тетово.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот – 8.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степени, а максималните ќе достигнат до 33 степени.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат