Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Дебар, најстудено на Попова Шапка
Во изминатите 24 часа најмногу дожд - 41 литар на квадратен метар наврна во Дебар, по што следат Маврови Анови со 34, Попова Шапка со 31, Претор со 26, Охрид со 25, Куманово со 24, Скопје, кај Зајчев Рид и Пожаране со 22.
Како што информира утрово УХМР, во Крушево наврнало 21 литар на квадратен метар, во Тетово 20, во Скопје, кај Петровец 16, Прилеп и Виница 13, Тополчани 12, Крива Паланка 11, Битола десет, Лазарополе девет, Дојран и Ѓуриште осум, Штип и Велес шест, Демир Капија и Берово пет, Струмица три и во Гевгелија еден литар на квадратен метар.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Според УХМР најниска температура до 7:30 часот е измерена на Попова Шапка - 3 степени, во Крива Паланка, Берово и Лазарополе нула степени, во Маврови Анови еден, Крушево два, Охрид и Претор три степени, во Прилеп, Штип, Демир Капија и Виница четири, во Тетово, Струмица, Дебар и Куманово пет, во Скопје, кај Петровец, Зајчев Рид и Кавадарци шест, Велес седум, Битола и Дојран осум и во Гевгелија 10 степени.
Во текот на ноќта во поголем дел од земјава времето беше ведро, а во западните делови се задржа облачно. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.
Ново на Сител
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог