Најмногу директни инвестиции лани од Германија и Турција
Вкупните директни инвестиции во Република Македонија во деветте месеци од 2016 година изнесуваат 199,45 милиони евра. Директни инвестиции, според објавените податоци на Народната банка на Република Македонија, изнесуваат 105,45 милиони, а нераспределено-реинвестирање на добивката и дел од должничките интруменит е 93,63 милиони евра.
Според податоците, вкупните директни инвестиции во првиот квартал лани изнесуваат 106,91 милиони евра, а нераспределено - реинвестирање е 91,51 милиони евра. Во вториот квартал 36,07 милиони евра, а во третиот квартал 56,10 милоиони евра, а нераспределено- реинвестирање изнесува 14,54 милиони евра.
Најмногу инвестиции се пристигнати од Германија 23,20 милиони евра, Турција 23,14, Италија 12,46 миклиони, Бугарија 11,72 милиони и Луксембург 11,48 милиони евра.
Според дејностите, најмногу инвестиции во првите девет месеци од минатата година имало во индустријата 38,25 милиони евра, потоа финансиите и осигурителните активности 15,35 милиони, рударството 15,08 милионии, електрична енергија, гас, пареа и разладни уреди 11,02 миолиони, градежништво 10,79, уметност, забава и рекреација 8,20 милиони и спортски и други рекреативни активонстои, кладење и обложување 7,92 милиони евра.
Ново на Сител
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок