Најмалку три лица загинаа во напад во трговски центар во Колумбија
Најмалку три жени загинаа, а девет лица беа повредени вчера во напад во трговскиот центар Андино во Богота, кој е мошне популарен меѓу странците.
Една од загинатите е 23-годишна Французинка, која работи во Колумбија како доброволец во училиште во сиромашен кварт на Богота, изјави градоначалникот на колумбискиот главен град Енрике Пењалоса. Уште една жена е во тешка состојба, но нејзиниот живот е надвор од животна опасност, додаде тој.
Експлозијата одекнала во женски тоалет во момент кога трговскиот центар бил полн со луѓе, кои купувале подароци за одбележување на Денот на таткото.
Според полицијата експлозивна направа била поставена во ВЦ школка на вториот кат.
Улиците околу трговскиот центар се затворени, а зградите се евакуирани. Силите за безбедност се обидуваат да утврдат кој стои зад нападот, а деминери ја пребаруваат околината.
Претседателот Хуан Мануел Сантос изрази сочувство на Твитер и веднаш му нареди на началникот на началникот на националната полиција генерал Хорхе Нието да спроведе истрага.
Според првичните информации изнесени од полиција експлозијата се случила вчера околу 17 часот по локално време (22:00 часот по Гринич).
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Голема полициска акција: Мрежа од 50 лица со лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
-
83 годишен затвореник почина во затворот во Штип
-
Кривична за екс-директор на НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид, ја оштетил установата за 151.290 денари
-
Приведен велешанец баран со потерница, на друго лице му нанел тешка телесна повреда од која лицето починало
-
Приведен радовишанец кој извршувал кражби во Струмица и Радовиш
-
Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови