Поведена постапка за две лица за превезување дрога на ГП Стар Дојран

Двајцата осомничени по претходен договор а со цел пренесување на дрога, искористиле претходно договорено патување на првоосомничениот во Република Турција каде со товарно возило со полуприколка требало да се однесе дрвена граѓа. Ноќта пред патувањето второосомничениот ја донел дрогата во патничко моторно возило кај смоквица Смоквица каде се сретнал со првоосомничениот кој го управувал товарното возило. Дрогата била спакувана во 20 полиетиленски пакувања исполнети со наркотична дрога – марихуана сместени во две торби и еден куфер.
Второосомничениот кога влегол во тварното возило кое го управувал првоосомничениот ја распоредил дрогата на повеќе места во возилото. Кога осомничените во текот на ноќта, со товарното возило пристигнале на граничниот премин Стар Дојран, при излез од Република Северна Македонија била извршена контрола од овластените службени лица и дрогата била пронајдена.
Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетите како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и со решение на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
