-->
-->
Најмалку осум загинати, 23 повредени во гранатирање на Дамаск
-->
Најмалку осум лица загинаа, а 23 се повредени во гранатирањето на Дамаск, јави Сана, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи на Сирија.
Осум лица загинаа и 23 се повредени во гранатирање на теориристите од правец на Источна Гута, најголемото упориште на бунтовниците недалеку од Дамаск, наведува Сана.
Во гранатирањето на Дамаск причинета е и материјална штета.
Авијацијата на сириската војска редовно ја бомбардира зоната која се граничи со главниот град.
Најсмртоносниот напад во центарот на Дамаск беше во април 2014, кога загинаа 14 и беа повредени над 80 лица. Бунтовниците тогаш гаѓаа училишен комплекс во стариот дел на градот.
Над 260.000 лица загинаа од почетокот на судирите во Сирија во март 2011 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата