-->
-->
Најмалку 376 загинати и над 1,800 ранети во борбите крај Триполи минатиот месец
-->
Најмалку 376 лица биле убиени во борбите во близина на либискиот главен град Триполи минатиот месец, соопшти Светската здравствена организација.
Бројот на повредените за истиот период е 1822.
СЗО повика на итен прекин на огнот во Либија.
На 4 април командант на милитантната група Либиска национална армија, Калифа Хафтар им нареди на неговите борци да започнат офанзива за освојување на Триполи, каде е базирано меѓународно признатата Влада на национално единство, предводена од неговиот ривал Фајез Сараџ.
Околу 42.000 луѓе избегаа од областа од почетокот на борбите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист