Најмалку 150 мртви откако се откачил дел од глечер на Хималаите во Индија и предизвикал лавина
Дел од глечер од Хималаите се откачил и погодил брана во Индија, предизвикувајќи поплави, по што локалните власти стравуваат дека во хаваријата има околу 150 загинати.
Локалното население од северот на земјата веднаш е евакуирано.
„Точниот број на мртви се уште не е потврден, но се плашиме дека има меѓу 100 и 150 мртви“, соопшти локалната полиција, пренесоа британските медиуми.
Очевидец изјави дека видел ѕид од прашина, камења и вода, кога лавината низ долината се спуштила во реката.
-Се се случи многу брзо, немаше време некој да биде информиран. И мислев дека масата ќе ме однесе и мене, изјави Санџај Синг Рана, кој живее во селото Рајни.
Жителите на селото стравуваат дека се убиени и луѓето кои работеле на изградбата на блиската хидроцентрала, како и луѓето од блиското село кои добитокот го воделе кон реката.
-Немаме идеја колку луѓе навистина исчезнаа, додаде Рана.
Ново на Сител
-
Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Трамп: Мислам дека Русија по грешка го гранатираше центарот на градот Суми
-
Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома
-
Блокади во Софија поради протест на транспортните работници
-
Трамп ќе почне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД
-
Без струја делови од четири скопски општини
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос