Најмалку 150 лица загинаа во земјотресот во Мексико, меѓу кои 21 дете при уривање на училиште
Најмалку 21 дете загинаа, а други дваесетина се водат како исчезнати, при уривање на училиште по вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 7,1 степен според Рихтерова скала кој го погоди Мексико.
- Во основното училиште „Енрике Ребсамен“ загинаа 25 лица, од кои 21 дете, изјави мексиканскиот заменик министер за образование Хавиер Тревињо.
Засега вкупниот број на жртви во земјотресот е 150 луѓе, соопшти националната агенција за цивилна заштита.
- Најголем е бројот на жртви во државата Морелос јужно од главниот град каде се загинати 55 луѓе, изјави Луис Фелипе Пуенте, директор на Агенцијата.
Во главниот град Мексико Сити загинале најмалку 50 луѓе. Триесет и две лица го загубиле животот во државата Пуебла, додека три лица загинале во државата Гереро.
Според телевизијата „Миленио“ бројот на загинати е над 200 лица.
Десетици згради се урнати во густо населен реон на мексиканскиот главен град и спасувачки тимови се во потрага по преживеани. Милиони домаќинства се без струја од земјотресот што го погоди Мексико во 13:14 минути по локално време.
Градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Мансера изјави дека 44 згради се урнати или оштетени додека некои се зафатени од пожари. Епицентарот на земјотресот бил на границата меѓу државите Пуебла и Морелос на длабочина од 51 километри.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија