-->
-->
Најмалку 13 луѓе загинаа во двоен самоубиствен напад во Багдад
-->
Два бомбаши-самоубици го активираа експлозивот што го носеа на себе на пазарот Тајаран во централниот дел на Багдад, при што загинаа најмалку 13 луѓе, а повредени се повеќе од 30 лица.
Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека при нападот загинале најмалку 13 луѓе, но најверојатно ќе порасне бројот на жртвите бидејќи голем број од повредените се во критична состојба.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Самоубиствените напади во Багдад се ретки по поразот на Исламска држава во 2017 година.
Претходно самоубиствен напад во Багдад беше извршен во јануари 2018 година, исто така на плоштадот Тајран, при што загинаа најмалку 27 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
-
Детали за планот на Трамп за Украина