Најмалку 11 лица загинаа во северна Јапонија од тајфунот Лионрок

Најмалку 11 лица загинаа денеска во североисточна Јапонија, откако моќен тајфун го зафати регионот, предизвикувајќи поплави, соопштија локалните медиуми, цитирани од ДПА.
Девет лица починале во поплавен дом за стари и изнемоштени лица, возрасен маж се удавил во надојдената река во градот Иваиѕуми, во префектурата Ивате и една постара жена починала во градот Куџи. Три лица се водат за исчезнати на северниот остров Хокаидо.
Тајфунот Лионрок предизвика невидени поројни дождови во северните региони на Јапонија. Многу реки се излеаја од своите корита, а надојдената вода урна повеќе мостови.
Јапонската агенција за метеорологија предупреди за уште поплави и лизгање на земјиштето, иако Лионрок - десеттиот тајфун во Азија сезонава, ослабна синоќа до тропска депресија, минувајќи над Јапонското Море.
Ова е првиот тајфун кој ја погоди североисточна Јапонија од 1951 година.
Повеќе од 170.000 лица беа евакуирани, вклучувајќи и 38.000 во Офунато, соопшти Агенцијата за управување со пожари и природни несреќи. Повеќе од 10.000 домови во северниот регион останаа без струја, откако ветрот ги оштети каблите за пренос на електрична енергија.
Ивате, која беше најтешко погодена од тајфунот, е една од областите која се уште се опоравува од штетите од цунамито во март 2011 година, кога од земјотрес и цунами загинаа повеќе од 18.000 лица.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
