Најдоцна до 12 февруари 2024 година ќе важат личните карти со натписот „Република Македонија“
Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.
Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти, во насока на нивно усогласување со новиот Закон за употреба на јазиците, како и нивно усогласување со уставниот амандман ХХХIII во однос на усогласување на називот на државата, како и усогласување со уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.
Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.
Според Владата која е предлагач, Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта нема да предизвика фискални имликации и за неговото спроведување не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на државата.
-По донесување на Уставниот закон и Законот за употреба на јазиците, Министерството за внатрешни работи потпиша Рамковна спогодна за набавка на хардвер и софтвер за изготвување на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци), за чија реализација беа обезбедени финансиски средства во Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 6.563.436,45 евра и веќе, согласно утврдена временска динамика, се врши исплата. Наведените финансиски средства се однесуваат за целиот пакет на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци). Истовремено, укажуваме дека финансиските средства се враќаат согласно динамиката на издавањето на личните документи на граѓаните, стои во предлог-текстот на Законот.
Законодавно-правна комисија на седницата треба да расправа и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од Љатифе Шиковска.
Со законот се уредува постапката за прибирање и евиденција на личните податоци за лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени, видот на податоците што се евидентираат, условите за запишување во посебна матична книга на родени, условите за запишување во посебна матична книга на умрени, издавањето извод од посебната матична книга на родени, издавањето извод од посебната матична книга на умрени, идентификациската исправа и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените.
-Целта на овој закон е лицата неевидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, заради добивање на извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно со закон, до дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод од матичната книга на родени, се наведува во предложениот текст.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода