Македонија
23. January 2016 - 19:04

Награди за најубаво украсените објекти во Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка им додели награди на сопствениците на најубавите новогодишно украсени дом и деловен објект во општината.

 
- Традиционално, седма година по ред, ги наградуваме најкреативните од градот кои се потрудиле да ги декорираат своите домови или дуќани на креативен, и пред се оригинален начин. Со ова ги поттикнуваме граѓаните секоја година да придонесат за надополнување на новогодишниот амбиент во општината, рече градоначалникот Арсенчо Алексовски.
 
За најубаво украсен деловен објект комисијата ја прогласи пицеријата „Елит“, а за најубаво украсена, куќата на Сашо Митовски од населба Грамаѓе.
 
- Секоја година се трудиме да ги украсиме домот и дворот со разни новогодишни декоративни реквизити со кои ја доловуваме новогодишната атмосфера. Во украсувањето најмногу идеи предлагаат моите две деца, кои воедно помагаат во процесот на разубавување на објектот, изјави Митовски.
 
Локалната самоуправа додели микробранова печка за првонаградените во двете категории.