Награди за најредовните плаќачи на вода во Македонска Каменица

ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица денеска ги додели наградите од наградната игра за корисниците на услугите кои редовно ја плаќаат комуналната такса.
Техничкиот директор на ЈП „Камена Река“ Влатко Димитровски информира дека во наградната игра учествувале сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2016 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2017 година.
- Фондот на награди годинава изнесуваше околу 700 евра. Првата награда е телевизор, втората шестмесечна претплата, а третата е водомер. Оваа наградна игра има симболичен карактер и претставува еден вид мотивација за корисниците на нашите услуги редовно да ги плаќаат сметките, рече Димитровски.
Тој додаде дека пред секоја наградна игра редовноста на плаќањето на сметките за комунални услуги се зголемува за неколку проценти.
- До декември наплатата беше околу 90 отсто, а очекуваме да достигне до 95 отсто. Ова го покажува искуството од претходните години. Првата награда, телевизор, ја доби Гроздан Димитровски, втората Горан Митевски, а третата Малиш Петров, рече Димитровски.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
