Награда за Давид Тодосовски на Филмскиот фестивал во Мостар
Главниот актер во филмот „Ослободување на Скопје” Давид Тодосовски ја доби наградата за најдобар дебитант на штотуку завршениот Филмски фестивал во Мостар, соопшти Партизанс продукција.
Според образложението на жирито, наградата на Тодосовски му се доделува за „уверливоста на толкувањето на ликот кој содржи многу тешки актерски техники, кој како дете-натуршчик многу успешно ги искажал”.
На режисерот на филмот Раде Шербеџија му е доделено специјално признание за „креацијата која го премостува времето и служи за зачувување на сеќавањата на едно извонредно уметничко дело од сферата на театарот кое сега во филмски облик е зачувано од заборавот”.
Филмот „Ослободување на Скопје” досега учествуваше на фестивалите во Хелсинки, Пула, Битола, Братислава, Загреб, а му престојат учества на Фест во Белград, Палм Спрингс, Монтевидео, Подгорица....
Ново на Сител
-
Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини
-
Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас
-
Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше ликвидиран од страна на израелската војска?
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО