-->
-->
Нафтен шок по излегувањето на Британија од ЕУ
-->
На Њујоршката берза цената на сировата нафта опадна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има директно долгорочно влијание на пазарот на нафта.
Цените на сировата нафта паднаа за повеќе од 6 проценти, на азиските пазари, по објавата на резултатите за референдумот во Велика Британија, на кој е одлучено дека Велика Британија повеќе не е дел од Европската унија.
На Њујоршката берза цената на сирова нафта падна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има долгорочно влијание на пазарите на нафта, односно дека ќе постои моментална нестабилност поради претпазливоста на главните играчи на пазарите.
Пред да опаднат, цените на нафтата синоќа пораснаа, бидејќи се веруваше дека Британија нема така лесно да ја напушти ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?