Македонија
23. јуни 2018 - 9:48

Над 9.000 слободни работни места во Агенцијата за вработување – продавачи, комерцијалисти, сметководители, келнери

Во Македонија за вработување се бараат финансиски службеници, комерцијалисти, наставници, сметководители, шивачи, работници во производство, возачи, келнери, обезбедувачи и друго.

На порталот на Агенцијата за вработување има отворени повеќе од 9.000 огласи.

Се бараат различни профили на работници, со различен степен на образование, и искуство.

Граѓаните можат да следат што се бара на пазарот на трудот, доколку се во потрага по работа.