Над 8.500 учесници ќе бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон
Над 8.500 учесници од 51 држава во недела ќе учествуваат на 13-то издание на Виз Ер Скопскиот маратон, еден од најмасовните и популарни спортски настани во Македонија.
Годинава, на маратонот ќе учествуваат 1.000 учесници повеќе од претходното издание.
Манифестацијата е финансиски поддржана од Град Скопје со 1.200.000 денари, а на располагање се ставени сите јавни претпријатија кои се под интегенција на Град Скопје.
- Заедничката и посветена работа во изминатите години, професионализмот и упорноста во сите сегменти, доведоа до овие видливи резултати и факти. За Градот Скопје и за Република Македонија маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава, истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција.
За директорот на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, маратонот од година во година станува еден од најпосетуваните и најинтересни настани во Македонија.
- Како организатори на оваа манифестација секоја година со помош на бројните волонтери, поддршката од институциите и компаниите се предизвикуваме и квалитетот на Виз Ер Скопскиот маратон е се подобар и подобар. Ги покануваме сите да го проследат настанот и да се забавуваат за време на маратонот, полумаратонот, трката од 5 километри и штафетната трка. Како промоторки на Виз Ер Скопски маратон оваа година ни доаѓаат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лили и Лина Луик, кои минатата година учествуваа на маратонот на Олимписките Игри во Рио, рече Синадиновски.
На прес-конференцијата беа присутни и промотерките од Естонија, како и македонската шампионка во маратон Весна Кираџиева и Дарио Ивановски, кој пред неколку недели победи на полумаратонот во Белград.
Стартните пакети учесниците ќе можат да ги подигнат денеска до 19 часот и утре од 10 до 19 часот во Парк Хотел и Спа.
Стартот на маратонската и полумаратонската трка, како и на шатафетниот маратон е во 8:30 часот, а на трката од 5 километри 15 минути подоцна.
Во рамки на маратонот утре од 10 часот ќе се одржи и Детски мини маратон на кејот на реката Вардар, позади Парк Хотел и Спа. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.
Главниот спонзор „Виз ер“ за секој учесник има обезбедено и вредносен ваучер од 20 евра кој може да се искористи преку www.wizzair.com.
Ново на Сител
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот