-->
-->
Над 80 загинати во ураганот Харви во Тексас
-->
Веројатно над 80 лица загинаа при ударот на ураганот Харви во Тексас пред три недели, предизвикувајќи катастрофални поплави, соопшти гувернерот на оваа американска сохузна држава Грег Абот.
- Имаме извештаи за 82 жртви, изјави Абот на прес-конференција, но дополни дека се уште се очекува потврда од локалните власти дека сите смртни случаи се предизвикани од невремето.
Претходно беше соопштено за околу 60 жртви на ураганот, кој при преминувањето над Тексас на 25 август беше со категорија 4 и беше окарактеризиран како најмоќниот во последните 50 години.
Во стихијата се оштетени или разурнати близу 140.000 домови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре