Македонија
30. July 2016 - 16:30

Над 2.2 милијарди денари за 225 спортски објекти во земјава

Инвестициите во спортската инфраструктура се еден од главните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За неполни 8 години само преку Агенцијата за млади и спорт изградени се вкупно 225 спортски објекти низ целата држава, за што се инвестирани над 2,2 милијарди денари или околу 35 милиони евра. Во моментов активно се работи на изградба на 4 спортски сали, меѓу кои во завршна фаза е објектот во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во скопски Капиштец.

- „Покрај Домот за деца без родители, се гради спортска сала и во општина Шуто Оризари. Се гради и голема спортска сала на универзитетскиот кампус Св. Кирил и Методиј, кој ќе биде со огромен капацитет со околу 1500 седишта. Спортски објект се гради и во село Бучим во општина Крушево. Само минатата година, Агенцијата за млади и спорт има изведено 56 спортски објекти или во просек по еден објект неделно.

Агенцијата активно работи и на реализација на ветениот проект за младите со кој ќе се изградат 150 баскет игралишта на територијата на Македонија. Во завршна фаза е тендерската постапка за избор на проектант, а се очекува градбата на првите игралишта да почне до крајот на годинава.

- Јас верувам дека ако во месец август го имаме готов проектот, веќе во септември ќе можеме да тендерираме за избор на изведувач, па дури и пред 2017-та, ако обезбедиме средства да ги почнеме и првите игралишта.

Во моментов преку Агенцијата за млади и спорт се гради и затворен пливачки базен во Охрид, 15 тениски терени, 14 повеќенаменски игралишта, 4 фитнес зони, 2 спортски и 2 игралишта за голем фудбал во различни општини низ земјава.