Над 180 лица се убиени во Сирија за време на првиот ден од примирјето
Над 180 лица се убиени во Сирија за време на првиот ден од делумниот прекин на огнот во земјата, при што половина загинале во напад на групацијата Исламска држава во северните делови на земјата, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, се убиени 70 џихадисти, 20 курдски борци и десет цивили.
Уште 25 цивили се убиени во престрелки и бомбардирања на други места на земјата.
Еден човек починал како последица на измачувањата во затвор, а двајца поради недостиг на храна и медицинска помош во предградието на Дамаск, Дараја.
Судирите во различни делови на земјата меѓу владините сили, бунтовниците и џихадистите од ИД загинале вкупно 50 борци од различни групации, додава Центарот.
Примирјето, поддржано од Русија и САД стапи во сила на полноќ во саботата (22 часот според Гринич во петокот)
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален