Над 140 казни за возачи во Скопје
Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР на 18.10.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
Притоа, санкционирани се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 23 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје во периодот од 23.00 часот на 18.10.2019 до 05.00 часот на 19.10.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
Притоа санкционирани се 10 возачи, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 34 останати прекршоци, за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.
На 18.10.2019 во времето од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се 10 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци, за кои се издадени 21 мандатен платен налог и седум прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето