Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје
Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ.
На состанокот, меѓу другото, ќе се анализираат досегашните резултати и можностите за дигитализација на нашето заедничко архивско наследство, како и наоѓање можности за финансирање заеднички проект за дигитализација.
Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е именуван од Владата на Република Северна Македонија за овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија за архивите, а притоа воедно е домаќин на настанот. На состанокот ќе присуствува претставник на Министерството за надворешни работи.
Во 2001 година беше потпишана Спогодбата за прашањата за сукцесијата на поранешната СФРЈ, која влезе во сила три години потоа. Прв заеднички состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори на поранешна СФРЈ е одржан во 2011 година во Белград. Анексот Д од Спогодбата предвидува дека дел од државниот архивски материјал на СФРЈ треба да ѝ припадне во оригинал на Република Северна Македонија. Примената на овој Анекс што се однесува на заедничкото архивско наследство е од стратешко значење за државата.
Ново на Сител
-

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
-

Сончево со мала облачност, дневна температура до 13 степени
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
