-->
-->
Началникот на ГШ на АРМ Величковски во официјална посета на Австрија
-->
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), генерал потполковник Методија Величковски, на покана од началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Австрија, генерал Отмар Коменда, од денес се наоѓа во тридневна официјална посета на Република Австрија.
За време на посетата генерал Величковски, покрај средбата со неговиот домаќин, генерал Коменда, соопшти денеска ГШ на АРМ, ќе оствари посета на командата на единицата за специјални операции и австриската одбранбена Академија, а ќе оствари посета и на македонската амбасада во Виена.
Мигрантската криза и безбедносните закани за земјите од југоисточна Европа, можностите за продлабочување на билатералната соработка преку изведување на заедничка обука и користење на капацитетите на АРМ, како и размена на искуства и евентуално заедничко учество во меѓународните мисии, се темите на кои ќе се разговара за време на официјалните средби.
Средбите на највисоко воено ниво кои продолжуваат во континуитет и по самитот на НАТО во Варшава, стои во соопштението, се израз на поддршката на партнерските земји за стратегиската определба на Република Македонија и АРМ, како и доследноста на АРМ во спроведување на одбрамбените реформи и реализација на партнерските цели за членство во евроатдоанските интеграции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок