На турско-сириската граница во изминатите 14 месеци приведени 1.220 борци на ИД

Во регионот на турско-сириската граница во последните 14 месеци биле приведени вкупно 1.220 борци на Исламска држава, соопшти денеска турскиот Генералштаб, цитиран од весникот „Хуриет дејли њуз“.
Од почетокот на годината на оваа граница се приведени вкупно 259 џихадисти и тоа 178 во јануари и уште 81 од почетокот на овој месец заклучно до вчера.
Од активистите на Исламска држава кои биле приведени во февруари 33-ца се обиделе да влезат во Турција, а 48 се обиделе од Турција да влезат во Сирија.
Бројот на приведени членови на Исламска држава во февурари е зголемен за повеќе од пет пати во споредба со истиот период минатата година, пред се, заради безбедносните мерки што се преземни во регионот на границата.
Според информацијата на Генералштабот на турската армија, повеќете од членовите на Исламска држава бале фатени во реонот на Елбејли, во округот Килис.
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
