На територијата на градот Скопје полицијата казни151 возачи, 35 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%