-->
-->
На Сицилија запленети 5,3 тони кокаин во вредност од 850 милиони евра
-->
Италијанските власти заплениле рекордни 5,3 тони кокаин кој бил префрлен од еден на друг брод во близина на јужниот брег на Сицилија, соопшти денеска локалната полиција.
Проценетата вредност на робата е 850 милиони евра, а пет лица се уапсени, се додава во полициското соопштение.
Станува збор за пет членови на екипажот на рибарскиот брод „Фердинандо д’Арагона“, кој бил запрен од финансиската стража.
Меѓу нив има двајца мажи од Тунис, Италијанец, Албанец и Французин.
Бродот пловел од Јужна Америка, а во средата надзорен авион забележал пакети како се фрлаат од неговата палуба во водите на сицилијанскиот теснец за да ги земе друг брод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата