На празничната крводарителска акција во Крива Паланка собрани 49 единици крв
На денешната, празнична, крводарителска акција во организација на општинска организација на Црвен крст во Крива Паланка собрани се вкупно 49 единици крв.
– Како и секоја година во чест на празникот, од утринава, до 18 часот сите хумани граѓани кои доаѓаат на чествувањето на празникот Успение на пресвета Богородица во манастирот, каде се одржува голем црковно-народен собир, даруваат крв и даваат придонес во унапредување на крводарителството и празнуваат со хуманост, рече Дарко Пешовски, секретар на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.
Тим на општинската организација на Црвен крст, додаде тој, е присутен како и секогаш за време на одржување на празнувања и манифестации во општината, во случај на потреба од каква било помош и поддршка на граѓаните.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис