-->
-->
На листата на Интерпол 22 лица од Косово
-->

Интрерпол, освен по поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, уапсен неодамна во Франција на барање на Србија, трага по уште 21 лице од Косово, јавија косовски медиуми.
Првично на листата на Интерпол по барање на Србија биле вклучени 157 косовски граѓани, но подоцна нивната бројка е намалена на 22.
По апсењето на Харадинај, по наредба на Владата, косовската полиција ги побара од Интерпол имињата на косовските државјани, по кои се трага.
Освен Харадинај, на листата се и поранешниот командант на штабот на Армијата за ослободување на Косово Азем Сулја и Фадил Сулевич, висок функционер во косовската полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Отпуштања од работа во Гентерм, а неофицијално и во Бехтел и Енка
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
